Кин шокиран од поразот од Луксембург: Тешки денови ја чекаат Ирска

Легендата на Манчестер јунајтед и на ирскиот фудбал, Рој Кин, искажа големи критики на сметка на националниот тим на Република Ирска откако репрезентацијата загуби во првите две кола од квалификациите за СП. Можеби поразот во Белград од Србија и беше очекуван, но на Кин тешко му падна домашниот кикс против Луксембург во саботата вечерта во Даблин.

Кин отворено ги нападна и играчите и селекторот Стивен Кени.

„Не можам да поверувам што се случува. Недозволиво е да имаме два порази во два меча. Не смееме да си дозволиме да губиме дома од Луксембург. Треба да се засрамиме и да си извлечеме големи поуки. Квалификациите само што почнаа, а ние веќе се гледа дека ќе пропуштиме уште едно Светско првенство. Не сакам да го обвинам Кени за сите работи. Играчите, исто така, сносат голем дел од вината. Имаме огромни проблеми во напад, не можеме да дадеме гол. Повеќето наши репрезентативци играат во Чемпионшип, тие се добри момчиња, но не мислам дека го имаат потребниот квалитет за да бидат во националниот тим. Не е убаво кога најдобриот играч е дефанзивец. Зборувам за Колман, кој игра за Евертон, но и таму тимот не се бори за титули, не игра во Европа. Не може да бараме пласман на големи првенства со играчи од Чемпионшип“, вели некогашниот ириски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести