Кинези на Балканот ќе прават стадион вреден 105 милиони евра

Градот Велика Горица во Хрватска ќе добие нов модерен стадион со капацитет од 35 000 гледачи. Градоначалникот на овој град Дражен Баришиќ има договор со кинеска компанија за изградба на стадионот по проект на архитектот Мирсад Мустеданагиќ.

Стадионот треба да има основен дел од 19 600 седишта, а за големи настани капацитетот може да се зголеми дури за 15 400 седишта и да има точно 35 000 гледачи. Покрај стадионот би имало и 400 паркинг места во гаража. Планирано е покрај стадионот потоа да биде изграден и хотел и трговски центар.

Според планот, тимот на Горица првиот меч на новиот стадион треба да го одигра на 15 октомври 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести