Кинезите прават чуда – Гвангжу гради стадион во форма на цвет (Фото)

Гвангжу Евергранде почна со изградба на фудбалска арена за 100 илјади гледачи, а новата арена што ќе чини неверијатни 1.7 милијарди долари е вистинско архитектонско чудо и има форма на лотосов цвет.

Актуелниот шампион на Кина планира да ја заврши градбата во 2022 година

https://twitter.com/CCTVAsiaPacific/status/1250729808201310208?s=20

 

Гвангжу Евергранде кој е еден од најтрофејните кинески фудбалски клубови нема проблем со капацитетот на новиот стадион и се очекува кога ќе биде готов да го покаќи просекот на публика што во моментов изнесува 50 илјади луѓе по меч.

Клубот од Гвангжу инвестира многу и во играчкиот и тренерскиот кадар, па моментно шеф на стручниот штаб е Фабио Канаваро, а за шампионот на Кина играат Паулињо, Андерсон Талиска… Пред Канаваро тренери на Евергранде беа и легендите Фабиот Капело и Луис Сколари.

- Оглас -

Најнови вести