Кирил Лазаров не очекувал толку убедлива победа во Прешов

Ракометната репрезентација на Македонија се врати во Скопје и по краткиот одмор, ќе продолжи со подготовки за неделниот меч на домашен терен против Словачка, на кој треба да биде потврден пласманот на Светско првенство.

Од синоќешниот триумф од 31-24 на гости кај Словачка во Прешов, пријатно бил изненаден и селекторот Кирил Лазаров.

„Не очекував толку висока победа. Гостински терен си е гостински терен, особено кога игра национална селекција. Не се сомневам во добро издание и в недела. Играчите заслужија поддршка в недела. Ќе се одмориме малку, а потоа ќе се подготвиме максимално професионално за реваншот“, рече Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести