Кирјос на цела рака ги тетовираше ликовите на Коби и Леброн (Видео)

Во време кога нема ни тениски возбудувања, еден од најконтроверзните играчи во овој спорт на денешницата Ник Кирјос реши да се „поднови“ со нови тетоважи.

Австралиецот реши целата лева рака да ја отстапи за ликовите на двајца врвни кошаркари, Коби Брајант и Леброн Џејмс. Голем мотив од спортски аспект Кирјос добива токму од Коби и Џејмс, па затоа ги наслика и нивните ликови.

Случајно или не, Кирјос новата тетоважа ја покажа токму на денот кога Коби го одигра последниот меч во кариерата. На дуелот против Јута, легендата на Лос Анџелес лејкерс даде 60 поени. Пред неполни три месеци, Коби загина во хеликоптерска несреќа. Леброн Џејмс е актуелниот лидер во тимот на Лејкерс и кошаркарот кој остави посебен белег во последниве 20-тина години.

 

View this post on Instagram

 

Kobe and the king with me forever & some Jordan 1’s 💉 @dseeart

A post shared by NK (@k1ngkyrg1os) on Apr 12, 2020 at 8:03pm PDT

- Оглас -

Најнови вести