Киву пресреќен: Заслуживме сезонава да се радуваме на двата трофеи

Интер покажа дека сезонава е доминантен тим во Италија откако синоќа со 2:0 славеше над Лацио во финалето на Купот и во своите витрини донесе уште еден трофеј. Претходно, Нераѕурите на убедлив начин го освоија и Скудетото во Серија А.

Тренерот Кристијан Киву, кој на клупата на Интер седна пред почетокот на оваа сезона, покажа дека има квалитет, иако на почетокот имаше и скептици кои не веруваа во успех на Интер со романскиот стратег како предводник.

„Заслужено ги освоивме двата трофеи. Сите сме презадоволни од тоа што го постигнавме сезонава. Се радувам на тоа што навивачите се среќни, што клупските витрини се збогатија со уште еден пехар. Никогаш не е лесно да се освојат два пехара во една сезона и навистина сме среќни. Ниту еден трофеј не може да биде гарантиран пред време. Имавме голема помош и од нашите навивачи“, задоволно коментираше Киву по победата на Лацио во финалето на Купот.

За Интер ова е вкупно 10-ти пехар во Купот на Шпанија, а Нераѕурите првпат освојуваат двојна круна од 2010 година, кога тимот беше и европски првак.

- Оглас -

Најнови вести