Кјеза по пауза од девет месеци, повторно ќе заигра за Јувентус

Федерико Кјеза е блиску до враќање во составот на Јувентус и се очекува да биде вклучен меѓу кандидатите за настап на мечот со Емполи в петок.

Италијанскиот репрезентативец цели девет месеци нема играно откако ги скина лигаментите во коленото во јануари на меч против Рома.

Кјеза ја заврши рехабилитацијата, одиграл добро на контролниот тренинг-меч против У-17 тимот на Јуве, и тоа е знак дека можеби камбекот на фудбалскиот терен е блиску, но нема да се ризикува со него, враќањето ќе биде постепено.

Одлуката дали ќе биде во составот и дали ќе игра некоја минута, останува на тренерот Масимилијано Алегри.

- Оглас -

Најнови вести