Клоп договори средба со потенцијалното засилување, короната ја одложи

Јирген Клоп не отстапува од намерата да доведе сериозно засилување за следната сезона за да го задржи шампионскиот статус. Сезоната во Премиер лигата моментално е во застој поради целокупната ситуација со корона-вирусот и сè уште не е познато дали таа ќе се доигра за Ливерпул да биде прогласен за шампион, но тоа не значи дека плановите за престојниот преоден рок не може да се остварат.

Германскиот стратег наводно договорил средба со сонародникот Тимо Вернер, ѕвездата на Лајпциг, со цел да му го презентира проектот и да го убеди да го облече црвениот дрес. Сепак, пандемијата со корона-вирусот засега спречува состанок меѓу нив двајца, но без разлика на тоа, европскиот првак врши напори да го договори голгетерот пред 15 јуни.

Тој датум е важен бидејќи дотогаш важи клаузулата на Вернер од 60 милиони евра, што е пристојна сума ако се земат предвид енормните трошења во изминатите преодни рокови. Во случај Ливерпул да не го обезбеди потписот на Вернер до средината на јуни, Лајпциг може да бара многу повисока сумa.

- Оглас -

Најнови вести