Клоп го најави Израелецот Дабур како засилување, Салах се закани дека ќе си оди

Јирген Клоп пристиска со сите сили да го ангажира одличниот напаѓач на Салцбург, Мунас Дабур, но ќе има голем проблем ако Израелецот дојде на „Олд Трафорд“.

Мохамед Салах, според инфромациите од англиските медиуми, му се заканил на раководството на клубот дека не доаѓа предвид да има соиграч Израелец.

Миленикот на навивачите на Ливерпул е Египќанец, а позната е нетрпеливоста на двете земји, најмногу поради Палестина.

Салах и претходно имаше политички испади, па како играч на Базел одби да се ракува со играчите на Макаби, врзувајќи си ги копачките за време на вообичаениот поздрав на играчи на две екипи.

Дабур сезонава игра неверојатно добро и веќе постигна 20 погодоци на 30 натпревари за Салцбург во сите конкуренции.

- Оглас -

Најнови вести