Клоп: Не му се лутам на Солскјер и јас би го направил истото

Ливерпул утре ќе гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед во најголемото дерби на англискиот фудбал. Овој меч требаше да се игра минатиот месец, но беше одложен, откако навивачите на Манчестер влегоа на теренот на легендарниот стадион и едноставно не дозволија средбата да се одигра, протестирајќи против работењето на газдите на Црвените ѓаволи.

Утрешниот меч за Ливерпул е многу поважен затоа што Црвените од „Енфилд роуд“ се обидуваат да стигнат до позиција која води во Лигата на шампиони. Манчестер вчера играше против Лестер и загуби, а Оле Гунар Солскјер реши да одмори неколку стандардни првотимци, за да бидат посвежи за утрешнто големо дерби. Манчестер загуби од Лестер, што е дополнителен проблем за Лестер.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп искрено вели дека и тој да бил во ситуација како што е Солскјер и да треба неговиот тим да одигра три меча за само пет дена, ќе играл со комбиниран состав.

„Знаев дека Солскјер ќе направи промена во составот за дуелот со Лестер. Повеќе од 500 пати кажав дека не е нормално да се игра во недела, вторник и четврток. Солскјер нема вина за тоа што го направи. И јас би го направил истото. Нашата цел е едноставна. Треба да победиме на сите средби до крајот“, рече Клоп, кој не заборави да ја честита титулата на Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести