Клоп се нервираше по утката на Фирмино, со гол за полуфинале во ФА купот го смири Жота (Видео)

Ливерпул го победи Нотингем форест со 1:0 во четвртфиналето во ФА купот на Англија и ќе игра во големото дерби против Манчестер сити за финале во националниот куп.

Диого Жота го постигна победничкиот гол за Црвените во 78. минута и го смири нервозниот Јирген Клоп.

https://twitter.com/its_me_axad/status/1505629613258686474?s=20&t=W3ROikmkT-9yBzsyv6AbgQ

Претходно германскито стратег се изнервира по потегот на Роберто Фирмино, кој утна чист зицер во ситуација еден на еден со голманот на Нотингем форест, откако наместо рутински да погоди, се обиде со лоб да ја затресе мрежата на домаќините и не успеа.

Сепак Ливерпул успеа да победи во меч на две екипи што имаат и европски круни од КЕШ и од ЛШ и на 16. април ќе игра со Манчестер сити во полуфиналето на ФА купот.

Во второто полуфинале ривали ќе бидат екипите од Лондон, Челзи и Кристал Палас.

 

- Оглас -

Најнови вести