Клоп: Во ноември и декември не се освојува титулата, но може да се загуби

По 14 одиграни кола во англиската Премиер лига, три екипи се одвоија во трката за титулата. Челзи е лидер со 33 бодови, втор е Манчестер сити со еден бод помалку, додека третото место е за Ливерпул кој има освоено 31 бод досега.

Фактот дека разликата меѓу првите три е само два бода, покажува кои се главни претенденти за тронот. Четвртиот Вест хем веќе заостанува девет бодови зад лидерот Челзи,а сите останати меѓу кои се Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем, веќе имаат двоцифрено заостанување.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека е добро што неговиот тим е при врвот и дека никој не очекувал во овој дел од сезоната да се знае шампионот.

„Неверојатно колку треба да си добар за да се добие само еден првенствен меч. Ова е врвно првенство. Не можеш да ја освоиш титулата во ноември и декември, но можеш да ја загубиш. Не ги следам мечевите на Сити и на Челзи со надеж дека може да загубат. Фокусиран сум на нашите натпревари“, рече Клоп.

Во следните 28 дена Ливерпул треба да одигра девет натпревари, што значи дека Црвените ќе играат на секои три дена.

 

- Оглас -

Најнови вести