Клозе му кажа „да“ на Баерн

Легендарниот германски голгетер Мирослав Клозе ја прифати понудата од Баерн Минхен да му биде асистент на Ханзи Флик. Рекордерот по бројот на погодоци за Панцерите имаше доста време да размисли за оваа понуда откако самиот Флик го побара да му биде десна рака, а инаку моментално работи како тренер на У17 тимот на Баварците.

Останува уште управата да изготви подобрен договор за Клозе и соработката да се официјализира. Инаку Флик од неодамна ја доби работата во Баерн откако претходно беше назначен за привремен тренер, а според новиот договор, ќе ги води Баварците најмалку до 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести