На ред е клучниот дел – Младите во Алмати ќе ја најават победата на сениорите во Скопје

Благоја Милевски и неговите избраници денеска од 13 часот ќе играат во Алмати, Казахстан, против еден од двата главни конкуренти за второто место во шестата група за настап на Европското првенство, а победа би значела голем поттик во нападот на позицијата зад неприкосновениот лидер Шпанија.

Со Казахстан ремизиравме во Скопје пред една година во првиот меч од овој квалификациски циклус меѓу двете селекции.

На ред е клучната фаза и за двете селекции, кои имаат по 10 бода на второто место, но домаќините имаат еден меч повеќе бидејќи одиграа 7 натпревари од вкупно 10 во групата.

Македонија е во подобра позиција и има уште четири дуели до крајот на циклусот и победа денеска во Алмати ќе биде огромен чекор напред кон второто место.

Целта е да се приреди подвиг и со сите победи до крајот да се протнеме меѓу петте најдобри второпласирани репрезентации кои заедно со победниците во сите 9 групи ќе играат на Европското првенство.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести