Кнезовите џентлменски ќе ѝ помогнат на Старата дама

Како што беше најавено од таборот на Јувентус, тројцата играчи за врска Арон Ремзи, Адријан Рабио и Артур Мело се слободни да бараат нови клубови. Со Велшанецот заврши приказната, договорот се раскина завчера, па на ред се Французинот и Бразилецот да тргнат по стапките на Ремзи.

Рабио се најде на списокот трансфер-желби на Монако, а наводно претставниците на францускиот клуб веќе стапиле во контакт со гигантот од Торино за да преговараат околу евентуален трансфер.

Рабио влезе во последната година од договорот со Бјанконерите, па бидејќи не е во плановите на Алегри, мора што побрзо да замине. Допрва ќе се открие за каква понуда се работи од страна на Кнезовите, а Рабио полека може да се пакува за пат назад во родната Франција, каде што во минатото играше за ПСЖ.

Потенцијални купци има и за Артур Мело, Гатузо и Валенсија се интересираат за услугите на бразилскиот интернационалец, со навестување дека е блиску да се врати назад во Шпанија по неуспешната авантура со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести