Коби секогаш ми велеше дека сака да умре млад и така да стане бесмртен

Трејси Мекгрејди е една од ѕвездите која блескаше во исто време кога Коби Брајант доминираше во најсилната лигата во светот. Во едно од интервју по трагичната смрт на Брајант, Мекгрејди открива еден гаден детал од раната фаза во кариерата на Коби.

„Додека беше млад, Коби постојано ми велеше ‘сакам да умрам млад’. Мислев дека е луд. Ми велеше ‘Сакам да умрам млад и така да станам бесмртен. Сакам кариерата да ми биде подобра од таа на Џордан и потоа да умрам млад’. Мислев дека е луд затоа што ми го зборува тоа“, открива Мекгрејди, кој подоцна дообјасни. „Очигледно тоа го мислеше пред да му се родат децата. Сигурен сум дека по раѓањето на децата, повеќе не размислуваше на тој начин“, вели Мекгрејди во интервјуто.

Коби со сопругата Ванеса имаше четири ќерки, а најстарата Џиџи (13 години), која беше многу талентирана кошаркарка, загина со својот татко во неделата.

 

- Оглас -

Најнови вести