Кога голманот мисли дека има техника на Меси, тогаш се случуваат и најсмешните голови (Видео)

Пјуник е клубот кој во изминативе 30 години доминира во Ерменија и освои дури 14 титули во домашното првенство. Сепак, сезонава е очајна за најтрофејниот клуб во земјата и е дел од плејаут-лигата за испаѓање. Пјуник вчера на свој терен играше против Гандзасар Капан и продолжи со лоши резултати. Гостите славеа со 3:2.

Еден од главните виновници за поразот на Пјуник е домашниот голман, кој во 14-тата минута направи катастрофална грешка и прими гол. Пјуник се врати, имаше предност од 2:1, но гостите не се откажаа и повторно го свртеа резултатот во своја корист. Погодокот за 3:2 го постигнаа во судиското надополнување.

 

- Оглас -

Најнови вести