Кога голманот сè уште е на летен одмор, се примаат вакви голови – Сар е цар, погоди од пола терен (Видео)

Исмаила Сар постигна феноменален погодок за Ватфорд против Вест Бромвич Албион во дербито на второто коло во Чемпионшип лигата, а му помогна и противничкиот голман.

Дејвид Батон, кој е чувар на мрежата на ВБА, беше излезен далеку од голот, а Сар иако не гледаше директно кон голот на домаќините, забележа дека Батон не е на своето место и го совлада со фантастичен удар од пола терен.

Голот што е ремек-дело и не се пропушта можете да го погледнете ОВДЕ.

Со тој погодок на репрезентативецот на Сенегал, Ватфорд поведе со 1:0 во 12-тата минута, а Карлан Грант израмни во самиот финиш и по првото полувреме на „Хоторнс“ во Бирмингам е 1:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести