Кога и Златан ви аплаудира, значи дека сте дале одличен гол (Видео)

Милан со 3-0 го порази СПАЛ во италијанскиот куп, а третиот погодок на Росонерите, кој го постигна Тео Ернандес, беше толку убав и ефектен, што дури и Златан Ибрахимовиќ аплаудираше. Ибрахимовиќ не играше, им остави на помладите да ја завршат работата, но демонстрираше и тимски дух со поддршката со клупските колеги.

Левиот бек кој играше за Реал Мадрид, покажа дека научил нешто од легендата на Реал, Бразилецот Роберто Карлос, кој честопати даваше вакви слични голови. Погледнете ја акцијата на Тео и аплаузот на Ибра кој ретко дава комплименти:

https://www.youtube.com/watch?v=nSrxP2UwQLU

- Оглас -

Најнови вести