Кога игра Сан Марино, се знае, победува противникот

6778 Унгарија – Казахстан (19.00)

Несомнено е дека Унгарија е многу поквалитетна репрезентација од Казахстан, па затоа секој друг исход освен победа на домашните би бил големo изненадување. Досега овие две селекции двапати играле меѓу себе, исто така пријателски мечеви, едниот во 2014, другиот во 2018 година и двата дуели биле со 3+ голови. Пред четири дена Унгарија имаше контрола со Финска, која ја доби со 2-1, а Казахстан пред три дена ремизира со Ерменија.

Предлог тип: Т1 2-3 (1.91)

 

6779 Русија – Тринидад и Тобаго (19.00)

И на овој пријателски меч се чини дека победникот се знае однапред, Русија е многу подобар тим од Тринидад и Тобаго. Русите се желни за мечеви, засега смеат да играат само неофицијални, а и посакуваат по мини-серијата од два меча по ред без победа, откако на Египет и Мали не успеаја да им дадат гол, сега да врзат две победи по ред откако пред некој ден беа подобри од Буркина Фасо со 3-0. Тринидад и Тобаго од октомври 2025 нема победа, а ако се суди според последниот меч кој го одиграа н 31 мај со Јужна Кореја, кој го загубија со 0-5, и вечерва не им бега пораз.

Предлог тип: 3-4 гола (2.22)

 

6721 Сан Марино – Азербејџан (20.00)

Пресметката на овие две репрезентации ќе се игра на неутрален терен во Унгарија. Азербејџан, кој е 124-ти на ФИФА-листата, е голем фаворит против Сан Марино, кој е 211-ти и важи за најслаб национален тим во Европа. Последен пат меѓу себе играле во квалификациите за СП 2018 и Азербејџанците извојувале две победи. Двата тима играа пред четири дена, Азерите загубија 0-2 од Малта, Сан Марино загуби 1-2 од Бангладеш.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.81)

 

8141 Барселона – Тенерифе (20.00)

Тенерифе направи големо изненадување во четвртфиналето на плејофот во шпанската кошаркарска лига, го елиминира првопласираниот Реал Мадрид со две победи во главниот град на Шпанија, сега ќе проба да ја изненади и Барса, која со 2-1 во победи во четвртфиналето ја елиминира Мурсија. Каталонците имаат добра шанса да стигнат до финалето и сигурно нема да се релаксираат учејќи ја лекцијата која ја доби Реал. И Барса, како и Тенерифе, во четвртфиналето победуваше на гости, а загуби како домаќин. Интересно е дека и во лигашкиот дел, Тенерифе победи во Каталонија, а Барса на Канарските Острови.

Предлог тип: >173.5 (1.95)

 

1311 Алмерија – Кастељон (21.00)

Ова е реванш-меч од полуфиналето на плејофот за влез во шпанската Ла Лига. Првиот меч заврши 1-1 и сега Алмерија дома има убава шанса да победи и да се најде во финалето против Малага или Лас Палмас. Кај Алмерија повреден е Португалецот Хорта, а кај Кастељон ќе фалат двајца фудбалери кои се со своите репрезентации. Кастељон има само еден пораз на последните 13 меча, но Алмерија дома доби девет од последните десет средби. На трите нивни меѓусебни дуели сезонава имаше еден или два гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести