Кога играше за Барселона одбил понуда да го смени спортот, сега е ѕвезда во Премиер лигата

Адама Траоре е еден од играчите кои се во центарот на вниманието во англиската Премиер лига. Тој игра одлично и е еден од носителите на играта во Вулверхемптон, а полека го привлече вниманието кај повеќе атрактивни клубови.

Пред да дојде во Англија, Траоре беше дел од школата на Барселона, но сепак не доби шанса да се докаже во редовите на каталонскиот гигант, па пред две години направи трансфер за 20 милиони евра.

Соиграчот на Траоре, Ромаин Саис откри дека Траоре имал понуди дури и да го смени спортот. Со неверојатна физичка подготвеност, тој бил мета на три клубови во американската НФЛ лига.

„Заедно работевме во теретана и многу се дружевме. На тренинг никогаш не го видов да крева тегови и навистина е неверојатно какви мускули има. Ми откри дека додека бил во Барселона имал три понуди од НФЛ клубови. Тој има идеална градба за американски фудбал, но тој тоа го одбил. Неверојатно е колку е брз и експлозивен на теренот, а изгледа огромен“, вели Саис.

 

- Оглас -

Најнови вести