Кога ќе се налути Кирил Лазаров на тајм-аут (Видео)

Ракометниот првак Вардар го победи Алкалоид со 28:25 во дербито од домашното првенство во интересен меч одигран во „Јане Сандански“. Дуелот беше неизвесен до самиот финиш, а Црвено-црните на крајот се радуваа најмногу благодарение на искуството кое го имаат.

Кирил Лазаров од тренерската позиција е главен адут на Алкалоид, а за тоа колку значат советите и мотивациите на легенда од негов калибар се виде и на еден тајм-аут во второто полувреме. Вардар водеше со 21:17, кога Лазаров побара минута одмор за да им даде совети, но и да искара своите млади ракометари.

„Грмеше“ Лазаров, но тоа очигледно донесе и плод. Алкалоид со серија од 5:0 поведе со 22:21, но сепак неискусните гостински играчи не издржаа во финишот. Алкалоид водеше со 25:23 на седум минути до крајот, но тогаш искуството на Вардар исплива на површина. Црвено-црните со низа од 5:0 направија пресврт и на крајот победија со 28:25.

Погледнете како изгледаше тајм-аутот на кој Лазарво „грмеше“, но и пауза по која следуваа пет гола во низа на Алкалоид.

- Оглас -

Најнови вести