Кога ќе се степаат Швајцарци и Холанѓани, жртви се столчиња од кафулиња (Видео)

Голема тепачка се случи во пресрет на дуелот на Јанг Бојс и Феенорд од Лига Европа, а пред полицијата да ги раздели завојуваните страни, немаше потешко повредени фанови, но веројатно газдите на кафулето пред кое дојде до инцидентот, ќе имаат што да реновираат.

Двете групи се сретнаа во Берн, и според тоа што може да се види на снимката, хулиганите се гаѓаа со столчиња. Десетици сточчиња беа фрлени, а потоа дојдоа полицајците и приведоа голем број на навивачи кои се тепаа и фрлаа столчиња.

Јанг Бојс го победи Феенорд со 2-0, а пред два месеци на Јанг Бојс му гостуваше и Црвена ѕвезда, но тогаш немаше вакви големи тепачки на улиците, освен по некоја провокација од и кон Албанците кои живеат во Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести