Кога на 11 меча по ред не сте примиле гол од тој ривал, јасно е дека сте фаворит

3191 Вележ – Сараево (16.00 часот)

Екипата од Мостар е како специјализирана за нерешени резултати, има дури пет ремија во деветте досегашни кола. Вележ има скромни 11 бода од девет настапи, но има и само осум примени голови, со што може да се пофали дека има подобра одбрана од Сараево. Сарајлиите примија повеќе од двојно голови, а и тие во последно време често играат нерешено (три ремија во последните пет кола). Сараево од 2019 не знае за победа на гостувањата кај Вележ.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)

 

3137 Раднички Ниш – Спартак (19.00 часот)

Ова е дуел од српската Суперлига помеѓу два тима кои се во резултатска криза. Тимот од Ниш освои само еден бод во последните три кола, а екипата од Суботица не освои ниту еден бод во последните три кола. Ако се погледне гол-разликата на овие тимови, ќе се дојде до заклучок дека Раднички има можеби малку подобар напад, но одбраната му е катастрофална и далеку послаба од таа на Спартак. Последните два меѓусебни дуели на овие ривали во Ниш завршуваа со 0-2 гола. Последниот меч со 3+ голови го одиграле во 2019.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.80)

 

2840 Аргеш – ЦФР Клуж (19.30 часот)

Аргеш е тим кој во досегашните десет настапи во романската лига, само еднаш одигра нерешено, додека гостите од Клуж во осум меча уште немаат ниту едно реми. Клуж победуваше, а Аргеш губеше во претходните две кола. Јасно е дека гостите се подобар тим, а и традицијата е целосно на нивна страна. Аргеш против Клуж нема дадено гол уште од 2005 година, или ако сакате на последните 11 меѓусебни дуели, екипата од Питешти нема дадено гол против Клуж.

Предлог тип: 2 (1.76)

 

1729 Конкарно – Версај (21.00 часот)

Ова е интересен меч од француската трета лига наречена Насионал. Конкарно сезонава ја почна со минус еден бод како казна, па затоа и покрај трите победи, има 8 бода. Конкарно во петте меча има три победи и два порази, нема нерешено. Што се однесува до Версај, тие се трети на табелата и со победа би избиле на чело после шест рунди, но немаат гостинска победа. Версај во последните три кола имаше две победи и едно реми, а последните четири меча на овој тим завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1321 Тенерифе – Малага (21.00 часот)

Тенерифе и Малага се разочарувања во шпанската Сегунда дивизија. По пет одиграни меча, тимот од Канарските Острови освои само четири бода, а Малага еден помалку. И Тенерифе и Малага во последните три кола имаат по една победа и два порази. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи во Тенерифе завршувале со 0-2 гола, а во минатата сезона Малага двапати (и дома и на гости) победуваше без примен гол.

Предлог тип: & 0-3 (1.52)

 

- Оглас -

Најнови вести