Кога не сака, не сака – Еден скок на Ембид и Полноќниот експрес ќе беше добитен

Како пред два дена така и вчера за еден тип Полноќниот експрес е недобитен. Овојпат бевме уште поблиску до добивка, а четирите типови од вчера имаа вкупен коефициент од 12.73.

Погодивме дека Торонто ќе ја победи Филаделфија во мајсторката со која Репторс се пласираа во конференциското финале на Западот, а тие славеа во последните секунди при конечни 92:90.

Според предвиденото одигра и Кавај Ленард, ѕвездата на Торонто. Очекувавме дека ќе ја надмине границата во тотал поени+асистенции+скокови од 46.5, а Ленард заврши со 41 поен, 8 скока и 3 асистенции.

Типувавме еден меч од фудбалската лига во САД, играа Ди-Си јунајтед и Спортинг Канзас сити, дуел во кој се надевавме на победа на домаќините и дека ќе нема повеќе од три гола, а Јунајтед славеше со минимални 1-0.

Типот кој нè остави без добивка е Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија во поразот од Торонто запиша 11 скокови, а ние очекувавме дека ќе оди над таа граница. Точно еден скок недостасуваше за да имаме „четири од четири“ точни типови.

Како и секој ден така и денес ќе има ново издание на Полноќен ексрес. Околу 19 часот очекувајте нови предлози и кратки анализи, а се надеваме дека конечно ќе успееме да ги погодиме сите предлози по двете „стативи“.

 

- Оглас -

Најнови вести