Кога нема да те посака среќата: Еден гол фалеше за добивка од 160.000 денари

Една од најкористените реплики во светот на обложувањето е „не фатив за една“. Е, токму оваа реплика важи и за тикетот кој викендов го има направено еден обложувач во Sport Life од Гостивар. Само за 200 денари уплата на тикет од 14 натпревари, погодени се 13, а единствениот кикс е на меч на кој фалеше буквално само еден гол.

Валјадолид – Алавес е дуелот кој е кобен за тикетот да не е добитен за одлични 160.000 денари. На двознак 1Х и 2+ на цел меч, Валјадолид победи само со 1:0. Тоа значи дека без разлика дали домаќините или гостите да постигнеле само уште еден гол до крајот, тикетот ќе беше добитен на 160.000 денари.

Тактиката на креирање тикет е одлична и се бараат мечеви кои немаат многу високи коефициенти, па речиси сите дуели се со коефициент меѓу 1.50 и 1.80. Во овој случај погодени се 13 од бараните 14 натпревари, па за обложувачот останува утешната награда, а тоа се вредносните ваучери со кои повторно ќе може да ја испроба среќата во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести