Кога самиот себеси не си веруваш: Резервирал момчешка вечер на Ибица, но сега мора да игра полуфинале на Вимблдон

Роберто Баутиста Агут е најголемото изненадување на Вимблдон за оваа година. Шпанецот никогаш во кариерата немал успех на тревен терен, па за многумина е неверојатно како тој се најде во полуфиналето заедно со очекуваната тројка Ѓоковиќ, Федерер и Надал.

Дури и самиот Баутиста не верувал дека може да стигне до полуфиналето на неофицијалното светско првенство во тенис, па Роберто дури си имал организирано да оди на момчешка вечер на Ибица заедно со своите другари.

„Планирав во овој период да бидам на Ибица, сѐ ми беше организирано. Моите шестмина пријатели се веќе таму, но мене ми е подобро тука во Лондон. Мислам дека во петок ќе им се приклучам“, рече Баутиста.

Шпанецот утре ќе игра во полуфиналето против Ѓоковиќ, а Србинот е апсолутен фаворит. Токму затоа и Баутиста повторно прави планови пред време и веќе самиот верува се елиминира во полуфиналето.

Дури и девојката на Роберто, Ана Боди Тортос планирала во петок да биде во Мадрид и да направи проба на венчаницата која треба да ѝ биде направена за свадбата, но сето тоа сега нема да се случи бидејќи нејзиниот вереник утре ќе биде на теренот на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести