Кога треба да даде гол, Рибери не му попушта ниту на синот (Видео)

Франк Рибери цели 12 години беше еден од лидерите на играта во Баерн Минхен, а Французинот летоска реши да ја смени средината. Реши да го прифати предизвикот од Серија А и потпиша за Фиорентина. Рибери покажа дека не само што не е за во пензија, туку веднаш се наметна како еден од најдобрите на теренот за Виолетовите.

За тоа колку на Рибери му значи да постигне гол, покажа и преку еден видеоклип на кој игра во дворот со својот син. Франк му покажа на синот неколку финти, а потоа без многу размислување му даде гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести