Кој е клубот што 115 години никогаш не купил играч, а во своите витрини има многу трофеи

Парагвајскиот Насионал Асунсион постои веќе 115 години, а може да се пофали дека девет пати бил шампион на својата земја. Освен успесите во својата земја, малку недостасуваше Насионал во 2014 година во своите витрини да го доведе и трофејот од Либертадорес купот. Тие играа во финалето, но беа поразени од Сан Лоренцо.

Она со коешто може да се пофали овој клуб, а и ретко кој друг во елитниот светски фудбал, е тоа дека во повеќе од едновековната историја никогаш не купиле играч. Политиката на клубот е да не се трошат пари за доведување нови играчи, па затоа екипата најчесто е составена од играчи кои ја поминале младинската школа или оние кои веќе одработиле некој договор, па во Насионал доаѓаат како слободни играчи, без обесштетување.

Последниот голем успех на Насионал е освојување на Класура шампионатот, за првпат по 63 години пауза. Моментно е на 11-тото место во Апертура првенството во Парагвај.

 

- Оглас -

Најнови вести