Кој е најдобар тенисер на светот? Еден милион луѓе му донесоа победа на Џокер од 6:1, 6:0

Со огромно мнозинство гласови, околу еден милион читатели на сајтот на реномираниот „Еуроспорт“ одлучија дека Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња.

Според шемата во која беа понудени дуели до финалето, а се гласаше по принципот на елиминации до финалето стасаа српскиот ас и Роџер Федерер, кој е најтрофеен тенисер според бројот на гренд-слем титулите, а ги има точно 20.

Грото од читателите што учествуваа во анкетата, или 98 проценти на убедлив начин го одбраа популарниот Џокер за тениски ас број 1 на сите времиња.

„Не очекувавме ваков исход. Па ова со тениски речник е победа за Ѓоковиќ од 6:0, 6:1“, коментираат на интернет страницата на „Еуроспорт“.

На патот до финалето Новак ги победи Род Лејвер и Рафаел Надал, а Федерер доби повеќе гласови од Борис Бекер и од Пит Сампрас.

- Оглас -

Најнови вести