Кој е најефективниот фудбалски тандем во Европа сезонава?

Иако се најзвучниот тандем на светот, Килијан Мбапе и Лионел Меси од Пари Сен Жермен не се најопасниот голгетерски тандем во топ-лигите во Европа, барем така кажуваат бројките кои ги објави Трансфермаркт.

Мбапе и Меси сезонава заедно досега дадоа 32 гола и се наоѓаат на трето место. Благодарение на неверојатните бројки на Норвежанецот, најефективни се Халанд и Фоден од Манчестер сити со 37, а второто место го држат Осимен и Кварацхелија од Наполи со 33 гола.

Во Топ 5 влегуваат и Бен Једер-Емболо од Монако со 29 и Сон-Кејн од Тотенхем со 26 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести