Кој е проблемот за Азар додека е во изолација? Јаде многу производи од пекара

Еден Азар сезонава требаше да биде еден од главните играчи на Реал Мадрид, но белгискиот репрезентативец постојано имаше проблеми со повредите и пронаоѓањето на вистинската форма. Во период кога сите фудбалери треба да бидат во изолација, Азар има еден голем предизвик, а тоа е како да успее да се контролира да не јаде производи од пекара.

„Се обидувам да не јадам многу. Се обидувам да не одам во пекарите и слаткарите за да избегнам конзумирање производи со пециво. Сепак, за мене е тоа многу тешко да се одолее“, вели Азар, кој знае дека не смее многу да јаде затоа што нема многу можност да ги истроши сите наталожени калории.

Азар сезонава одигра вкупно 15 меча во дресот на Реал Мадрид, а даде само еден гол, што секако е премалку за ѕвезда за која пред неполна година беа платени 100 милиони фунти, а сумата со сите бонуси може да достигне и до неверојатни 146 милиони фунти. Неделната плата на Азар во Реал е 400.000 фунти, што секако е доволен мотив за Белгиецот да успее да одолее на сите производи од пекарите и слаткарниците.

- Оглас -

Најнови вести