Кој и да победи во Баку, Англија ќе ја прескокне Италија

Кој и да победи вечерва во Баку во финалето на Европа Лигата, јасно е дека Англија ќе ја прескокне Италија како втора најуспешна нација во Европа Лигата, сметајќи ги и пехарите и финалињата во УЕФА купот.

Арсенал и Челзи во главниот град на Азербејџан ќе бијат битка за трофејот во второто финале за двете екипи и вкупно 16-то на англиски екипи.

Англија ќе има 9 пехари и 7 финалисти по мечот во Баку, вечерва од 21 часот, а пред нив сега е само Шпанија со 11 екипи кои освојувале титула, а уште пет играа финале.

Италија досега беше пред Англија, а зад Шпанците со девет победници и уште шест финалисти, а во топ-5 се и германците со биланс од 6 шампиони во УЕФА купот, или во Европа Лигата и уште 8 финалисти и Холанѓаните со 4 титули и уште три поразени финалисти.

Интересно е што од Топ-5 лигити во Европа само Французите никогаш не го освојувале пехарот во второто по ранг натпреварување на Стариот Континент. Петпати француски екипи играа во финалето, но не успеваа да слават и да го освојат вредниот пехар.

По две титули имаат руските, португалските и шведските екипи, а еднаш победуваа тимови од Турција, Белгија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести