Колкави плати имаат формула 1 возачите, Ферстапен ќе заработи 50 пати повеќе од најслабоплатениот

Возачите во Формула 1 се едни од најдоброплатените спортисти во светот, а доказ за тоа е актуелниот шампион Макс Ферстапен кој според новиот договор, сезонава ќе инкасира неверојатни 51,7 милиони евра, а викендов медиумите ги објавија платите на сите возачи.

Најдоброплатен возач во Ф1 е токму Ферстапен на кого основната плата му изнесува 51,7 милиони евра, а таа може да се зголеми преку бонусите за победи на трките или освојување на нова шампионска титула.

Зад возачот на Ред Бул е седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон со 32,56 милиони, додека веднаш зад него е возачот на Ферари, Шарл Леклер со 22,23 милиони евра.

И двократниот шампион Фернандо Алонсо ја надминува бројката од 20 милиони евра по сезона, додека листата на пет најдоброплатени формула 1 возачи ја затвора Ландо Норис со 18,6 милиони.

Најмали плати меѓу Ф1 возачите имаат Јуки Цунода и Логан Сарџент кои сезонава ќе заработат по 930.000 евра.

Интересно е што помалите Ф1 тимови кои не можат да се фаворитите, најчесто ангажираат понеталентирани возачи кои со себе носат милионски спонзорски договори, како за екипите така и за нив самите.

Најдобар пример за такво нешто е Русинот Димитри Мазепин чии спонзори плаќаа десетина милиони евра на Хас, само за тој да вози во Формула 1 шампионатот.

Плати на Формула 1 возачи:
Макс Ферстапен 51,7 милиони евра
Луис Хамилтон 32,56 милиони
Шарл Леклер 22,33 милиони
Фернандо Алонсо 20 милиони
Ландро Норис 18,6 милиони
Карлос Саинс 11,17 милиони
Серхио Перез 9,3 милиони
Валтери Ботас 9,3 милиони
Џорџ Расел 7,44 милиони
Естебан Окон 5,58 милиони
Кевин Магнусен 4,65 милиони
Пјер Гасли 4,65 милиони
Ленс Строл 2,8 милиони
Александер Албон 2,8 милиони
Ник Де Врис 1,86 милион
Оскар Пјастри 1,86 милион
Гуанју Жу 1,86 милион
Нико Хулкенберг 1,86 милион
Логан Сарџент 930.000
Јуки Џунода 930.000

- Оглас -

Најнови вести