Колку само беше незадржлив Мајкл Џордан: Испил 10 пива и заминал на меч на кој постигнал 52 поени

Поминаа повеќе од 15 години откако Мајкл Џордан ја заврши НБА-кариерата. Легендарниот Џордан беше незадржлив и со Чикаго булс освои шест титули, а многупати ги освојуваше и сите најзначајни индивидуални награди. За тоа колку Џордан беше незадржлив на теренот, потсетува неговиот пријател Џероми Роенич.

Џордан бил со пријателот и играле голф, а вечерта требало да игра против Кливленд. Сепак, работите не оделе како што сака легендарниот кошаркар.

„Едно утро заминавме да играме голф и јас постојано го победував. Успеав да му земам неколку илјади долари. Мајкл се подготвуваше да си замине дома бидејќи вечерта Чикаго играше против Кливленд. Во еден момент застана и ми рече да одиграме уште еден меч. Наместо еден меч, игравме цело попладне, а цело време пиевме и пиво. Испивме по 10-тина пива, а јас продолжив да го го победувам и да му земам пари“, раскажува Џероми.

Добиените пари Џероми му ветил на Џордан дека ќе ги стави на победа на Чикаго, а Мајкл му порачал дека победата ќе биде убедлива барем со 20 разлика, а тој ќе даде 40 поени.

Џордан блеснал на тој меч против Кливленд и постигнал дури 52 поени, а Чикаго победил со 26 поени разлика. Ниту 10-те пива испиени во текот на денот не биле проблем Џордан да блесне на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести