Колку се моќни менаџерите во фудбалот – Заработија 600 милиони евра во 2019 година

Фудбалските менаџери заработиле неверојатни 600 милиони евра за трансферите што ги одработија во 2019 година. Овој податок го објави ФИФА, а се работи за посредување при купопродажба во топ-5 лигите плус Португалија.

Значи, менаџерите кои помагаа околу трансферите во италијанската Серија А, англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, Лига 1 во Франција, во Бундеслигата на Германија и во Примеира лига во Португалија инкасирале над половина милијарди евра.

Податок што покажува колку се моќни фудбалските менаџери, или како што се апострофирани во содржината на ФИФА, посредниците при трансфери е што во Португалија пола пари одат за нив, а половина за клубовите при ангажман на играчите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести