Колку заработи Лука Модриќ во досегашниот тек на кариерата?

Лука Модриќ цели 11 години настапува за Реал Мадрид. Во овој период освои сè што може еден фудбал да освои, односно вкупно 22 трофеи. Петпати беше шампион на Европа и исто толку пати шампион на светот. Во Европа осви и четири титули од Супер купот. Во Шпанија освои три пехари од Ла Лига, еден во Купот на кралот и четири трофеи во шпанскиот Супер Куп.

Порталот Capology, кој се занимава со платите и заработката на фудбалерите, пресмета дека хрватскиот репрезентативец во досегашната кариера заработил 140 милиони евра. Неделната плата во Реал Мадрид му е 420.000 евра, што значи околу 22 милиони евра годишно.

Лука Модриќ сениорската кариера ја започна во Динамо Загреб, од каде што беше на позајмица во Зрињски од Мостар и Интер од Запрешиќ. Во 2008 година направи трансфер од Динамо во Тотенхем, од каде што во 2012 година се пресели во редовите на Кралскиот клуб од Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести