Коло Муани: Шансата од финалето на СП не можам да ја заборавам, заглавена ми е во грлото!

Францускиот фудбалер Рандал Коло Муани уште не може од глава да ја исфрли утката од финалето на Мундијалот во Катар, кога имаше прекрасна шанса во финишот на средбата, но неговиот шут го одбрани аргентинскиот голман Роберто Мартинес.

„Ќе мислам на тоа до крајот на животот. Шансата уште ми е пред очи и заглавена ми е во грлото. Кога дојдов до позиција да дадам гол, си реков шутни на првата статива. Така и направив, но голманот имаше одлична одбрана, го загубив дуелот еден на еден со него. Можеби сум можел да го лобувам или да му додадам на Мбапе, но тоа го видов подоцна на снимка, предоцна е“, вели Коло Муани, кој ако дадеше гол во таа ситуација во Катар, Франција ќе беше светски првак, а вака титулата ја освоија Аргентинците.

- Оглас -

Најнови вести