Колото на Спортска прогноза ќе почне и ќе заврши со победи на домашните?

Херта и Келн утре од 15.30 часот ќе го отворат 24-тото коло на Спортската прогноза што веќе е во тек, додека колото го затвораат нивните германски ривали Ајнтрахт и Унион Берлин в понеделник вечерта, а интересно е што кај овие два пара најголем дел од оние што досега типувале, прогнозирале единица.

За победа на Херта над Келн во Берлин веруваат 88,6 проценти од прогнозерите, а дека Ајнтрахт во Франкфурт ќе слави против Унион Берлин мислат дури 92,9 отсто од оние што досега типувале. Освен за овие два пара, огромен процент за единица има и кај мечот Атлетико Мадрид – Вилјареал. На таков исход се надеваат 89,6 проценти од прогнозерите.

Точно погодени 13 прогнози ја носи главната награда IPhone XS. Со една утка, Sport Life ве наградува со ваучер од 1.000 денари, за два промашени пара наградата е ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман, Христијан Т. не само што не го дава врвот туку и од коло во коло ја зголемува предноста и засега е најблиску до премијата ТВ Смарт од 48 инчи. Сепак, до крајот има уште многу игра и пресврти и можни се изненадувања, а пласман од второ до петто место носи големи СЛ поени од маркетот на Sport Life.

Вам ви останува да одберете за кои знаци ќе се одлучите за „Среќна 13-ка“, но што и да одберете, нема да загубите ништо бидејќи Спортска прогноза се игра бесплатно.

 

- Оглас -

Најнови вести