Коман: Многу сум среќен, а малку ми е и жал за ПСЖ!

Јунакот на финалето, Кингсли Коман, стана петтиот француски фудбалер кој постигнал гол во финале на Лигата на шампионите и секогаш кога Французи погодуваат, нивните тимови победуваат во финалињата. Така беше во 1993 со Боли од Марсеј, со Десаи во 1994, со Зидан 2002 и со Бензема 2018 година.

„Фантастично е, многу сум среќен. Малку сум и тажен за ПСЖ, имаа одлична сезона, мора да се почитува тоа што го направија. Се обидовме со силен притисок да ги спречиме нивните напади и контри. Најважно е што не примивме гол од една таква екипа. ПСЖ одигра добро, исто и ние, беше одлично финале“, изјави Коман за француски медиум.

- Оглас -

Најнови вести