Комедија во Прага – Несреќниот Сачек си даде невиден автогол (Видео)

Славија ја растури Спарта со 3:0 во дербито на Прага и потврди дека се наоѓа во топ-форма, а мечот број 1 во 10-тото коло во Чешка го донесе веројатно и најсмешниот автогол во 2019 година.

Несреќниот Михал Сачек се најде на погрешно место во 55-тата минута и по шутот на Олајинка со задникот ја затресе мрежата на својот голман.

Во тој момент беше 2:0 за лидерот во Чешка, а потоа и Масопуст погоди за убедлива победа на единствената непоразена екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести