Комичен гол прими Реал, Денис го смрзна „Бернабеу“ (видео)

Клуб Бриж има изненадувачко водство од 1-0 на гостувањето кај великанот Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Во мечот кој се игра во рамките од второто коло од групната фаза во ЛШ, белгискиот состав ги шокираше Кралевите со еден едноставен контранапад кој заврши со комична реализација на Денис во деветтата минута.

Напаѓачот на Бриж се најде во идеална прилика пред голот на домаќините и сакаше од прва да го совлада Куртоа. Планот за малку ќе му пропаднеше, Денис ја утна топката, но се одби од него и среќно влезе во голот на Реал. Судијата Кабаков мораше да го потврди голот со помош на ВАР-технологијата поради сомнеж дека станува збор за недозволена позиција, но погодокот е регуларен, па Реал сега ќе брка резултатска негатива до крајот на мечот.

https://twitter.com/ZWODDE_/status/1179080831178067968

 

- Оглас -

Најнови вести