Компани ја заврши играчката кариера и стана тренер, вети дека Андерлехт ќе игра модерен фудбал

Еден од најдобрите белгиски дефанзивци во историјата Винсан Компани денеска официјално објави дека става крај на неговата играчка кариера и дека целосно се посветува на тренерската работа во клубот Андерлехт. Компани лани од Манчестер сити се врати во својот Андерлехт, но имаше двојна улога и играч и тренер, а сега ќе работи само како шеф на стручниот штаб во бриселскиот клуб.

„Сакам целосно да се посветам на тренерската работа, мора да бидам 100 проценти фокусиран на работата и затоа ја завршувам играчката кариера. Намерата ми е да останам четири години и да докажам дека Андерлехт може да игра модерен фудбал и да има подобри резултати“, изјави Компани.

Компани како 17-годишен дебитираше за Андерлехт, а потоа се пресели во Хамбургер, од каде што по две години премина во Манчестер сити, со кого за 11 сезони освои четири титули во Премиер лигата. За националниот тим одигра 89 меча. Андерлехт минатата сезона ја заврши на осмото место, па пред Компани е напорна работа да ги врати на врвот.

- Оглас -

Најнови вести