Компјутерска симулација ги „одреди“ ривалите на Македонија во квалификациите за СП 2022

Ждрепката за квалификациските групи за Светското првенство 2022 ќе се одржи на 7 декември, а македонската репрезентација ќе биде во четвртиот по рејтинг шешир, што значи дека Црвено-жолтите ќе играат против три селекции кои се подобро рангирани од нас. На СП во Катар ќе одат победниците од групите, а второпласираните одат во бараж.

Извлекувањето ќе биде полудиригирано, се знае дека Италија, Франција, Белгија и Шпанија ќе бидат во група со по пет тима, а тука се и политичките ограничувања (Косово не може да биде во група со Србија, Русија или БиХ, Русија не може со Украина и Азербејџан не може со Ерменија).

Ова ги намалува можните комбинации, па со програмерски шеми и одредени параметри може да се пресмета каква е најголемата веројатност за составите на групите. Според овој модел, Македонија процентуално има најголеми шанси да биде во група со Англија, Украина, Република Ирска, Фарски Острови и Молдавија.

Во ваков случај, Англија би била фаворит, а борбата за второто место би била интересна. Ваква група е интересна бидејќи може да се најдеме и во многу посилна група, но и во малку полесна.

Македонија не може да игра против БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Луксембург, кои исто така се во четвртиот шешир. Од првиот шешир, најголеми шанси (12,3 проценти) имаме да ја извлечеме Англија за ривал, па Холандија со 11,7 и Италија со 11,4 отсто шанси. Најмали шанси (8 проценти) има Македонија да се падне со Хрватска.

Процентите од компјутерот, табеларно може да ги видите тука.

 

- Оглас -

Најнови вести