Конечно: Од 2 декември повторно ќе има навивачи на стадионите во Англија

Водечките луѓе во Велика Британија донеле одлука да се намалат дел од мерките за безбедност во борбата со пандемијата на корона-вирусот. Според најавите, од 2 декември ќе биде дозволено на спортските терени, односно на фудбалските стадиони да има и публика.

Планот за отворање на трибините на стадионите вечерва треба да го потврди и премиерот Борис Џонсон. Според договорот, ќе има таканаречени три зони, и тоа Зона 1, Зона 2 и Зона 3, според тоа колку корона-вирусот е распространет во регионите.

На стадионите од првата категорија, односно Зона 1, ќе биде дозволено да има максимум по 4.000 гледачи на трибините. Стадионите кои се наоѓаат во Зона 2, максимум ќе може да примат по 2.000 гледачи, додека оние стадиони кои се во Зона 3, ќе останат затворени.

Според сегашните податоци, во Зона 1 се наоѓаат само два стадиони на премиерлигашки екипи, и тоа тие на Брајтон и Саутхемптон. Тоа значи дека на стадионите на овие два тима ќе може да има максимум по 2.000 гледачи.

Најголем дел од стадионите на премиерлигашите се наоѓаат во Зона 2, што значи дека ќе биде дозволено максимум да има по 2.000 гледачи. За некои од клубовите тоа ќе биде поголем трошок отколку корист. На пример: за одржување на стадионот на Тотенхем во Лондон сигурно ќе се потрошат многу повеќе средства отколку што би се заработило ако биде дозволен влез на 2.000 гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести