Конте не лета високо: Смешно е Интер да биде главен фаворит во група со Реал Мадрид

Антонио Конте очекува со Интер пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, но вели дека е смешно да се потенцира дека неговиот тим е главен фаворит за првото место во Б групата.

Во конкуренција се уште и Борусија Менхенгладбах и Шахтар, па групата е опасна и тешко ќе се стигне до првите две позиции, иако навидум Интер и Реал се во предност.

„Многумина велат дека Интер е главен фаворит во Б групата. Искрено се смеам на такви констатации. Со нас во група е рекордерот по број на трофеи во Лигата на шампионите, клуб што има огромна традиција, одлични играчи и е актуелен шампион на Шпанија. Во фудбалот сè е можно и Борусија и Шахтар ќе бидат опасни ривали, па добро е да не се претерува и да се расфрла со епитети“, вели Конте.

Интер вечерва ќе ја има премиерата во новото издание на Лигата на шампионите од 21 часот на „Џузепе Меаца“ против Борусија Менхенгладбах, тим против кого немаат играно во еврокуповите од 1979 година.

 

- Оглас -

Најнови вести