Конте откри зошто го покажал средниот прст кон Ањели

Интер одигра 0:0 на гостувањето во Торино против Јувентус, но тоа не беше доволно за Нераѕурите да се пласираат во финалето на Купот на Италија. Старата дама ќе игра во финалето и тоа благодарение на победата од 2:1 по првиот меч кој се играше во Милано.

По завршување на синоќешната средба, се случи инцидент во кој во главна улога беа тренерот на Интер, Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Конте му покажа среден прст на Ањели, а потоа овој жестоко му возврати.

По мечот, Конте објасни која му била целта со покажување на средниот прст.

„Од Јувентус треба да ја кажат вистината. Мислам дека четвртиот судија слушна и виде што се случуваше во текот на целиот меч. Тие треба да бидат пољубезни според мене. Во Јувентус им е потребен повеќе спортски дух и почит кон оние што ја работат оваа работа“, рече Конте.

Тренерот на Интер потоа додаде дека му е жал што неговиот тим е елиминиран затоа што во текот на сите 180 минути целта било да се победи. „Требаше да реализираме некоја од шансите. Жално е што на ваков начин испаднавме по 180 минути борба, но плативме за поразот во првиот дуел. Во реваншот постојано напаѓавме, баравме да го постигнеме тој погодок за водство, но не успеавме. Треба да научиме од овие грешки и да не се повторуваат во иднина“, рече Конте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести