Конте подготвува големо изненадување за Јувентус

Јувентус и Интер вечерва ќе го дадат првиот финалист во Купот на Италија, а „џокерот“ е кај Старата дама. Актуелниот италијански првак има предност од 2:1 стекната од првиот меч во Милано и сега на свој терен доволно е да не загуби.

Двајцата тренери имаат проблеми околу составот, па Андреа Пирло нема да може да смета на Леонардо Бонучи и Артур, додека Мората е неизвесен. Од друга страна, Антонио Конте ќе биде без Артур Видал и Алексис Санчес, кои се суспендирани.

Интер се најде во полуфиналето откако во драматичен меч со 2:1 го победи градскиот ривал Милан. На тој дуел погодокот за победа на Нераѕурите го постигна Кристијан Ериксен од слободен удар во 90+7 минута. Според најавите од Милано, Конте сега го подготвува токму Ериксен да биде изненадувањето кое ќе добие шанса од првата минута на дуелот во Торино.

Веројатни состави:

Јувентус: Буфон, Гвадрадо, Демирел, Де Лихт, Данило, Бентакур, Рабиот, Бернардески, Кулушевски, Киеза, Роналдо.

Интер: Хандановиќ, Шкринијар, Де Вриј, Бастони, Хакими, Барела, Брозовиќ, Ериксен, Дармијан, Лукаку, Лаутаро.

 

- Оглас -

Најнови вести