Контранапад на Јувентус – Дербито на Италија се игра и надвор од терен, во Торино доаѓа Перишиќ

Јувентус веќе се договорил со Анхел Ди Марија, а најтрофејниот клуб во Италија подготвува сензационален контранапад против Интер и сака да го ангажира Иван Перишиќ, како одговор за заминувањето на Пауло Дибала во редовите на најлутиуот ривал.

Интер е на пат да го донесе Дибала, кој е икона на Јувентус, но вчера имаше проштален меч за Старата дама и сигурно ќе игра за Нероаѕурите.

Ударот е голем за навивачите на Јувентус, а раководството сака да го намали незадоволството со ангажман на Иван Перишиќ.

Понудата за одличното крило на Интер е 12 милиони евра за две сезони, плус и можнист договорот да се продолжи за уште една година.

Очигледно е дека популарното Дерби на Италија, како што се нарекуваат дуелите меѓу Јувентус и Интер ќе се игра и надвор од терен во летниот преоден рок.

Јувентус преговара и со Пол Погба, кој играше одлично за „црно-белите“ од Торино од 2012 до 2016 година, а сега пак има можност од Манчестер јунјтед да се пресели во редовите на Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести