Корона-вирусот повторно се појави во редовите на Реал Мадрид

По неполни два дена откако Реал Мадрид потврди дека Азар, Каземиро и Милитао го победија корона-вирусот, се појави нови проблеми за Кралевите.

Нов позитивен случај на ковид-19 е потврден кај напаѓачот Лука Јовиќ, кој очигледно од репрезентативната пауза се врати заразен.

Веднаш се преземени мерки, по што српскиот голгетер е сместен во самоизолација каде што најмалку ќе седи десетина дена, а за враќање во екипата ќе добие дозвола по два негативни теста.

- Оглас -

Најнови вести